За Нас


Телевизија Свет првиот сигнал во македонскиот етер го испрати на 14 Февруари 1993 година. Програмскиот концепт на телевизијата е насочен кон гледачите на подрачјето на општина Свети Николе, Штип и Кочани со автентичен информативен и забавен карактер.

Главниот сегмент на програмската ориентација на ТВ Свет произлегува од нејзиниот карактер на комерцијална телевизиска станица во кој доминира информативниот профил изразен преку секојдневна понуда на вести и актуелности од општината.

Сеопфатноста, добриот баланс и понуда на актуелни информативни емисии за телевизиската станицата обезбеди големо влијание во јавноста во нашиот регион и пошироко.

ТВ Свет е Трговско друштво кое во целост е во приватна сопственост и се издржува исклучиво од вршење на рекламни услуги.

Тв Свет е член на АППЕМ.

Ваша визија – Свет Телевизија