зЗдравје

На 67 по ред избор за „Мис на свет“ победата ја однела Индијката, Мануши Чилар, и на својата земја и ја донела шестата титула на најубава девојка во светот. Преубавата Индијка ја освоила шестата титула за својата земја, а ист број победи на изборите за „Мис на светот“ има и Венецуела.Ви благодарам на непрекинатата љубов, поддршка и молитви, навела новата „Мис на светот“ на социјалната мреж Твитер.

Овој хербален лек ги комбинира корисните својства на вашиот омилен лук и црвено вино.

Добиената смеса може да спречи многу болести, ја прочистува крвта, го зајакнува имунолошкиот систем, го отстранува лошиот холестерол, го подобрува кардиоваскуларниот систем, го отстранува вишокот сол во организмот, ја зголемува издржливоста, дава енергија и се бори со инфекциите.

Лук и вино – комбинација што убива настинка! Пред сè, овој лек има силни својства во борбата против разни видови рак.

Еве што ви треба:

Подготовка:
Излупете лук и измешајте го во стаклена тегла со половина литар вино. Препорачуваме користење лук продаден од баби наместо кинески лук продаден од супермаркети.

Кинескиот лук има ниски терапевтски својства. Исто така, можете да го намалите лукот на половина, во тој вид тој ќе се впива многу подобро, а и ефектот од поставувањето ќе биде многу помоќен. На овој начин, вкусот на поставувањето ќе биде доста специфичен.

Затворен сад со смесата се чува две недели на место заштитено од сонце. Во исто време, мешајте ја смесата 2-3 пати на ден.

На крај, течноста се исцедува и се чува во темен сад.

Овој еликсир може да се прави најмалку двапати годишно. Пијте 2-3 лажици дневно еден месец.

Со доаѓањето на зимата и студените денови, на организмот му се потребни разни лекови за зајакнување на имунитетот поради подобра заштита од настинките и грипот.
Наместо купување на витамини во аптеките, определете се за консумирање на чај од ѓумбир кој содржи неверојатно хранливи материи.
Припремата на чајот од ваквиот корен е многу едноставна. Доволно е да земете едно парче ѓумбир од пет центиметри, да го исецкате на парчиња и да го варите десет до 15 минути. Чајот можете да го засладите со лимон поради подобар вкус.

Ѓумбирот се користи за лечење на разни здравствени тегоби, а некои од нив се мачнина, алергија, кашлица, воспаление на синусите, грип, настинка, воспаление на белите дробови, менструални тегоби, слаба циркулација, висок крвен притисок, несоница, непријатен здив итн.
Една шолја чај од ѓумбир помага при ублажување на мачнините, без разлика дали се работи за оние предизвикани при патување или поради храна. Тој е одличен за апсорбирање на хранливите материи од храната, а помага и во лекување на стомачните тегоби.
Чајот од ѓумбир ја смирува кашлицата и ефикасно ја лечи астмата, бидејќи го разредува секретот и ги шири дишните патишта. Кога чувствувате грозница, чајот од ѓумбир ќе ја регулира вашата телесна температура и циркулација. Поради високата концентрација на минерали и аминокиселини, ѓумбирот се користи и како превентивно средство за лекување на кардиоваскуларните болести.

Редовното консумирање на чајот од ѓумбир го намалува ризикот од мозочен удар, ги чисти вените и го намалува нивото на холестерол во крвта. Ефикасно ги намалува воспаленијата на зглобовите, а помага и во регенерација на уморните и оштетени мускули и зглобови.
Кога патите од менструалните тегоби, намокрете крпа во врел чај од ѓумбир и ставете го на долниот дел од стомакот.
Чајот од ѓумбир содржи антиоксиданси кои помагаат во јакнење на имунолошкиот систем. Некои истражувања покажале дека ѓумбирот е корисен во превенција на различни видови на рак.
Како и со останатите лековити чаеви, важно е да не претерувате со консумирање на чајот од ѓумбир бидејќи може да предизвика несакани ефекти. Исто така, не се препорачува консумација на празен стомак бидејќи може да го надразни желудникот и да предизвика дијареа.

Меланија Трамп ги изненади модните критичари со нејзината необична облека. Првата дама, која заедно со нејзиниот сопруг е во посета на Кина, се појави во црн фустан со розови цветни мотиви. Автори на облеката вредна 3.000 долари се нејзините омилени дизајнери од Dolce & Gabbana. Сопругата на претседателот на НР Кина Си Џипинг Пенг Лијуан, која се смета за „икона“ на националниот стил, избра темна облека на локалните дизајнери. Меланија и Пенг Лијуан посетија мејнстрим училиште во Пекинг со 29 паралелки. Првата дама на САД ги проба своите вештини во готвење и калиграфија и присуствуваше на куклено шоу.

Во ова време на чести настинки, вирози и грип, затнат нос е една од најголемите напријатни работи.

Најчесто проблемите со затнатиот нос се решеваат со капки за нос или спреј, но има и неколку чудни, бизарни решенија кои може да бидат корисни, ако немате при рака лекови.

Еден јапонски твитерџија истакнува дека нему, секогаш му успева да го одзатне носот ако стиска пластично шише под пазувите, бидејќи на тој начин, наведува тој, ја стимулира работата на парасиматичниот нервен систем.

– Од сите методи кои ги пробав во животот, стискање шише под пазувите се покажа како најдобро. Важно е само шишето да се држи некое време во контра правец во однос на застнатата носница – напиша тој.

Најмасовното загадување, покрај од индустриските капацитети и автомобилите, доаѓа од печките на дрва, со кои се затоплуваат над 400 000 домаќинства во државава.

Едно домаќинство во Македонија, кое грее просечна површина на станбен простор од 60 квадратни метри, годишно ќе потроши 1, 56 тони нафта која, при согорување, ќе произведе емисија од 0, 527 честички јаглероден диоксид во воздухот. Ако се грее на јаглен, ќе потроши од 2,2 до 4, 8 тони и ќе загади со СО2 со 0,38 честички во воздухот. Со огревна бука и даб со влажност од 15 отсто ќе зачади со 0,03 честички СО2, но ќе треба да купи дури осум тони дрва, додека со дрвен пелет ќе загади само со 0, 021 честички СО2, а ќе треба да купи само три тони пелети.

Количината на ПМ1 честичките што се ослободува при согорувањето на пелети кои се користат за греење во домаќинствата е седумнаесет пати помала од количината на овие честички што се ослободува од согорување на огревно дрво во стар котел на дрва. Бројките велат дека со модерен котел на пелети при согорување на пелети кога се ослободува еден мегаџул топлина се создаваат 6,2 милиграми ПМ1 честички, а со стар котел на дрва при согорување на дрва кога се ослободува еден мегаџул топлина се создава 106,1 милиграми ПМ1 честички.

Научниците долго време ги проучувале пушачите кои долго живеат и забележале дека тие имаат една заедничка работа.

Сите пушачи знаат дека нивните навики го загрозуваат здравјето и ризикуваат за побрза смрт. Но, некои пушачи покрај тој ризик живеат подолго. Американските научници откриле дека некои пушачи доживуваат длабока старост иако пушат, а за тоа може да им се заблагодарат на гените на долговечноста.

Ним тие гени им овозможуваат да бидат отпорни на штетните работи во цигарите, но и општо на сите загадувања околу нив.

Оние кои имаат такви гени имаат и водено 11% помали шанси да добијат некаков вид рак.

-Кај долговечните пушачи откривме генетски маркери, кои исто така се и маркери кај луѓето кои доживуваат длабока старост, а не се пушачи. Тие гени функционираат така што поттикнуваат брзо заздравување на станиците и подобра отпорност на низа штетни влијанија, на кои се изложени луѓето, вклучувајќи го и пушењето – изјавл научникот Морган Левин.

По летниот период, голем дел од луѓето забораваат да внимаваат на својата телесна тежина, но и на своето здравје. Тие почнуваат да конзумираат помрсна и потешка храна и на тој начин си прават повеќе проблеми поврзани со имунитетот, метаболизмот и севкупното здравје. Но, есента носи многу здрави плодови кои мо

Тиква

Тиквата е синоним на есента и таа е одличен плод кој нуди многу нутритивни бенефити. Таа содржи витамин Ц – кој помага во апсорпцијата на железо и го помага функционирањето на антиоксидантите, витамин А – кој го поттикнува растот и развојот на клетките, калиум – кој е добар за крвниот притисок и мускулите и фолна киселина – која го поттинува обновувањето на клетките и е корисна за бремените жени. Можете да ја конзумирате печена или да направите чорба од тиква.

Сладок компир

Иако се попопуларни во останатите држави а не толку нашата, сепак треба да се знае дека тие нудат многу бенефити за нашето здравје за разлика од обичниот компир. Богати се со витамин А, Ц, Б6 – кој помага во одржување на функциите на мозокот и го регулира расположението. Освен тоа тие ги штитат црвените крвни зрнца и здравјето на коските. Можете да ги конзумирате печени во рерна или да подготвите чипс или да ги додадете во супите и чорбите.

Цвекло

Ова е еден од најпотценетите и многу ретко конзумираните зеленчуци. Богат е со фолна киселина, калиум, витамин Ц, железо. Можете да го додадете во утринскиот сок, во супите и чорбите, а најздраво е свежо во салата.

Јаболко

Јаболкото е едно од најздравите, но и најлесно достапните овошја. Богато е со калиум, многу витамин Ц, природни влакна кои го подобруваат варењето. Најкорисни се кога се конзумираат свежи, без лупење, но само доколку се органски. Можат да се додадат во чајот, компот или пак во салатите.

Мандарини

Мандарините се едно од најосвежителните, но и најздравите цитрусни плодови кои ги конзумираме во текот на есента. Богати се со природни влакна, витамин Ц и фолна киселина. Можат да се конзумираат заедно со печената тиква, свежи по појадокот или како замена на десертите во текот на вечерта.

Брусница

Овие мали плодови се многу корисни за заштита на имунитетот, но и во борбата против многу инфекции. Тие содржат витамин Ц, природни влакна, витамин К и манган – кој е добар за здравјето на коските. Можат да се конзумираат свежи, сушени или во чај.

Калинка

Калинките се особено популарни во текот на есента и зимата. Тие содржат витамин Ц, железо и витамин Б6.

жат да ви помогнат да го зачувате своето здравје во текот на есента и зимата.

Пет македонски и шест бугарски текстилни компании ги презентираа своите производи во галеријата „Безистен“ во Штип во организација на македонскиот Текстилен кластер во соработка со Моден викенд Скопје.Станува збор за домашните компании „Астибо фешн груп“, „Амор-компани“, „Ист комерц-
Санда“, „Кули“ и „Ларс“, и бугарските: „Бода стајл“, „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс 2“ и „Валена“.Пред ревиите публиката имаше можност да го види видео спотот „Одберете креативна професија! Бидете и вие дел од текстилната индустрија“ кој го изработи Текстилниот кластер со кој сакаат на новите генерации да им ги покажат перспективните страни на текстилната индустрија и потенцијалите за кариера во истата. Настанот е во рамките на пограничниот проект „Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ кој Текстилно Трговско Здружение –Текстилен кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија.Проектот е финансиран од Европската унија преку ИНТЕРЕГ ИПА програмата за Погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија во соработка со „Моден викенд Скопје“, модната агенција „Подиум“, со поддршка од „Дом на млади – Штип“.

На сите ни е познато дека Јелена Карлеуша и Ким Кардашијан, покрај големите облини, многу често го делат и модниот вкус. Поради тоа не сме изненадени што повторно носат идентична комбинација.Во краток бел топ со длабоко деколте и хеланки во nude нијанса, и ЈК и Ким максимално ги нагласија своите атрибути, а цел изглед го надополнија со yeezy чизми.

Додека Ким својот аутфит го надополни со мантил и златно ланче, Јелена се одлучи за едноставна трака за коса и темни наочари. Која ви се допаѓа повеќе?

Откријте како да спречите лепење на тестенините и како можете да ја искористите водата во која се вареле тестенините.

И најважно кои се 5-те грешки кои скоро сите ги прават при варење тестенини:

1. Користите премал сад за варење

Кога зборуваме за тестенини, големината е навистина важна т.е. важно е да готвите во голем сад со многу вода затоа што во текот на варењето тестенините ќе се прошират и бараат многу простор. Ако не се варат во доволно вода ќе станат лепливи и кашести.

2. Прерано ја посолувате водата

Стручњаците велат дека треба да посолите веќе кога ќе зоврие водата – токму пред да ги ставите тестенините. Така, тие подобро ќе ја апсорбираат солта. Затоа, не посолувајте на почетокот од готвењето, додека водата е ладна.

3. Ставате масло во водата

Многу луѓе истураат масло во водата затоа што слушнале дека тогаш тестенините нема да бидат лепливи. Проблемот со лепливоста ќе го решите така што редовно ќе ги мешате тестенините за време на готвењето, а избегнувајте додавање масло затоа што ќе се создаде масен слој на тестенините поради кои сосовите ќе се лизгаат од нив.

4. Ги цедите тестенините

Со оваа постапка всушност го цедите вкусот и природниот скроб кој се наоѓа во водата од тестенините. Наместо да ги цедите, директно сервирајте ги со вилушка или лажица со дупчиња.

5. Ја фрлате водата во која се вареле тестенините

Голема количина од претходно спомнатиот скроб останува водата по варењето и готвачите советуваат дека токму со таа вода треба да го згуснете сосот кој сакате да го подготвите со тестенините. Затоа, заборавете на додавањето брашно.

Базените за разлика од стоечката вода, благодарение на денешната технологија можат да работат со целосна сигурност за посетителите. Чистотата на водата во базените се должи на хемиската и микробиолошка контрола. Но, ако малку се запустат тогаш кријат големи здравствени опасности за пливачите. Во такви услови во водата се кријат многу бактерии и микроорганизми. Голтањето на контаминирана вода доведува до гастроинтестинални инфекции, односно инфекции на дигестивниот систем, чии симптоми се дијареа, повраќање, треска, болки во стомакот …

Постои зголемен ризик од вирусен менингитис, особено во текот на јули и август. исто така може да дојде и до вагинални инфекции. Некои од микроорганизмите во загадена вода може да предизвикаат вагинална инфекција дури и по само едно пливање. Одредени микроорганизми може да предизвикаат инфекции на кожата, особено ако има посекотини и отворени рани. Инфекции на кожата можат да се појават и на пазувите, препоните и меѓу прстите. мета на бактериите се и очите и ушите. Воспалението на овие органи се третира со антибиотици, па затоа е важно навреме да се побара медицинска помош.
Бактериите во базените се уништуваат со додавање на хлор. Но постои опасност од труење доколку има поголема концентрација на хлор.

Покрај бактериите, базените се опасни и во поглед на скршеници и други повреди. Несовесно нуркање може да резултира со скршеници и тешки повреди. Затоа препораката е голема внимателност на базените особено оние каде има голем број на луѓе.

Од најмлади до најстари, сите знаат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Затоа, дури и да сте на диета, не го прескокнувајте. Потребно е само да ги изберете вистинските состојки.

Јајцата се една од состојките кои ви се потребни за да го отстраните салото од струкот – јајца.

Преполни се со протеини

Појадокот треба да биде оброк полн со протеини за да бидете сити до ручекот. Многу стручњаци сметаат дека преку првиот оброк во денот треба да внесеме најмалку 20g протеини, а добрата вест е што едно јајце содржи 6g.

Практичен избор

Кога сте гладни и имате потреба за нешто да грицнете, каснете едно тврдо варено јајце. Брзо ќе го подготвите, а е нискокалорична ужина која сигурно ќе ве држи сити до следниот оброк.

Препорачуваме: Едно тврдо варено јајце (78 калории) и јаболка (80 калории). Оваа комбинација ќе ве држи подалеку од фрижидерот и нездравите грицки до ручек.

Познато е дека медот е лек за многу болести и ја одржаува нашата благосостојба на телото, но во комбинација со цимет, станува смртоносно оружје против вируси и болести, а тоа е нешто што ни треба во овој период.

Лекарите потврдуваат дека медот и циметот во комбинација се многу корисни за нашето здравје. Пред се, оваа комбинација штити од вируси, а воедно и со малото ниво на холестерол, ја намалува можноста за срцев напад.

За да си направите витаминска бомба против сезонскиот грип, во чаша вода растворете две големи лажици мед и една лажица цимет. Пијте наутро и навечер. Веднаш ќе почувствувате промени.

Ако имате проблеми со холестеролот, помешајте две големи лажици мед и три големи лажици цимет во чаша чај. Нивото на холестерол ќе се смали за десет отсто во рок од два часа.

Медот во комбинација со цимет ќе ви ја намали и болката во желедникот.

Исто така, со оваа комбинација ќе се осигурате и дека здивот секогаш ви е свеж.

Организмот може да се разлади со туширање и внесување на течности, но не студени, бидејќи тој повторно се затоплува до оптималната телесна температура и така дополнително се троши енергија, советува примариус доктор Амра Башиќ-Живадиновиќ.

Тоа е случај кај прегрејувањето на организмот, а Башиќ-Живадиновиќ потенцира дека топлотниот удар и сончаницате се сериозни состојби кај кои неопходно е да се побара помош од лекар.

Таа истакнува дека лице во таква состојба прво треба да се сокрие во ладовина и што побрзо да се однесе на лекар.

За да се избегнат последиците од високите температури, треба да се носи памучна облека, да се заштити главата, да не се прејадуваме, да не се јаде масна храна и физичката активност да се намали на минимум.

– Кај високите температури доаѓа до проширување на крвните садови и паѓа крвниот притисок, па сите мора да се пазат и здравите и болните, потенцира таа.

Башиќ-Живадиновиќ наведува дека е корисно да се престојува во природа, барем во парковите, а станбените простори да не се отвараат во текот на денот, туку подоцна навечер кога температурата ќе се намали.