Се снима „Мама миа 2“: Мерил Стрип и Пирс Броснан долетуваат на Вис

За неколку дена на хрватскиот остров Вис стигнуваат Мерил Стрип и Пирс Броснан, а жителите на островот поради снимањето на продолжението на филмот „Мама миа“ добија продолжена туристичка сезона.

Островот Вис на филмот ќе го глуми непознатиот грчки остров во филмот.

Се говори дека главните ѕвезди во филмот, Стрип и Броснан треба да дојдат на 10 септември.

Со главната актерка доаѓаат и уште 700 членови на екипата која ќе живее на островот, а куќите и апартамните се изнајмени уште пред два месеци.

Хрватските медиуми пишуваат дека ова е најголема филмска продукција во историјата на таа земја.

Коментарите се затворени.