Сакамото ќе звучи и во Скопје: Концерт на пијанистката Дуња Иванова

Македонската пијанистка Дуња Иванова, на 22 септември (петок) ќе одржи рецитал во Киното Култура во Скопје со почеток во 19 часот, а кој ќе го посвети на култниот јапонски композитор Руичи Сакамото.

На програмата се неговите најпознати дела, меѓу кои и The Sheltering Sky, A Flower is not a Flower, Whuthering Heights, SolitudeEnergy, FlowParolibe, Merry Christmas, Mr. Lawrence… Концертот претставува дел од Манифестацијата ,,Нов културен бран” поддржана од Министерството за култура на РМ.

Дуња Иванова (1985) магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.Учествува со свои трудови од областа на музичката теорија и практика на трибините на здружението на педагозите по пијано на Македонија ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје.

Автор е на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010) и „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012).

Коментарите се затворени.