Генерално собрание на ОН

Во светската асамблеја, премиерот Заев ќе има средба со генералниот секретар Гутереш, а ќе разговара и со Туск, Хан и Могерини.Премиерот Зоран Заев во Њујорк ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите Нации, на кое ќе присуствуваат над 100 шефови на држави или на влади. На тематска конференција, Отворено владино партнерство, Заев ќе има обраќање в петок.

Во светската асамблеја, македонскиот премиер ќе има средба и со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, а ќе разговара и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со еврокомесарот Хан и со шефицата на европската дипломатија Могерини, информираат од владината прес- служба.

При работната посета на САД, Заев ќе разговара и со претставници на македонската дијаспора. Придружуван е од шефот на дипломатијата Никола Димитров и министерот без ресор, задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.

Во пресрет на Генералното собрание, њујоршката полиција и американските федерални агенции подготвуваат засилени безбедносни мерки. Дополнителен проблем на полицијата се и најавените протести против американскиот претседател Трамп.

Коментарите се затворени.