Оризот добро напредува

Земјоделците очекуваат добар род доколку есенските дождовите не ја попречат жетвата која треба да почне за десетина дена.Годинава високите температури и оптималните количества на вода за наводнување, според земјоделските стручњаци, се добри за оризот кој досега успешно напредува, особено од почетокот на август кога се формираше зрното во класот. Доколку есенските дождови не ја попречат жетвата се очекува над просечен род.

Годинава со ориз беа засеани 2.500 хектари или за 50 проценти помалку од лани поради долготрајната суша која ја испразни акумулацијата Калиманци, а рестрикциите во наводнувањето пред сеидбата на површините се покажааа оправдани.

Ниското ниво на водите во реките кои се под просекот за овој период од годината не се доволни ни да ги наводнат површините покрај речните корита, а камо ли да ја наполнат акумулациијата. Вкупни приноси се очекува да се бидат меѓу 12.000 и 14.000 тони арпа, а поради останатите залихи проблем за оризопроизводителите е продажбата на родот од ланската реколта.

Коментарите се затворени.