Тече рокот за годишни пријави

Истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава. Обврската до 15-ти март треба да ја завршат уште над 170 илјади граѓани.
Трка со време или балкански менталитет. Помалку од пет работни дена до крајниот рок, а над третина од граѓаните што оствариле дополнителни приходи сѐ уште немаат поднесено даночна пријава. Обврската ја завршиле околу 235 илјади. Само 1.200 од нив користеле електронски систем. На шалтерите во Управата за јавни приходи вообичаен метеж, нема подолги задржувањa.Обврска да поднесат Годишна даночна пријава за платен персонален данок на доход имаат сите граѓани кои освен плата или пензија оствариле дополнителен приход од кирии, авторски права, индустриска сопственост, дивиденда, добивка од игри на среќа.

Од УЈП до 15-ти март очекуваат уште 170-ина илјади резиденти да достават документи. Апелираат, да не се чека последниот ден. Од следната година граѓаните нема да имаат обвсрка да го пријават екстра приходот, Управата ќе ги пополнува пријавите, електронски ќе ги доставува до даночниците.
Активен е и системот Е- персонален данок преку кој ќе се пријавува, пресметува и плаќа песоналецот, граѓаните може да се регистрираат на него. До 30-ти април Управата ќе ги изготвува годишните даночни пријави, до 31-ви мај ќе бара потврда или корекција од даночниците. Искуствата досега покажуваат дека даноците повеќе се пријавуваат на хартиена, отколку во електронска форма.

Коментарите се затворени.