Коѕијас ги брифира лидерите на политичките партии во Грција за разговорите за името

За денеска се предвидени разговори со лидерката на ПАСОК и Движење за промена, Фофи Генимата и со претседателот на Сојузот на централистите Василис Левендис.Министерот за надворешни на Грција, Коѕијас ги брифираше лидерите на политичките партии за разговорите во Виена. Вчера речиси два часа траела средбата на генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција, Димитрис Куцубас со шефот на грчката дипломатија Коѕијас, со која всушност почна серијата средби.

За денеска се предвидени разговори со лидерката на ПАСОК и Движење за промена, Фофи Генимата и со претседателот на Сојузот на централистите Василис Левендис.

Најголемата опозициска партија Нова Демократија ќе остане последна за информирање, откако лидерот Кирјакос Мицотакис одби да го прими Коѕијас и побара да биде информиран лично од премиерот, а шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со одговорниот за надворешна политика во партијата, Јоргос Кумуцакос.

Коментарите се затворени.