Паралелен увоз на лекови

Министерот за здравство тврди дека со задолжителни сертификати ќе се реши проблемот со паралелен увоз на лекови. Пациентите со ретки болести бараат да се укине ваквиот увоз.Законот за паралелен увоз на лекови треба веднаш да се укине, тоа би било најдоброто решение за нас, побараа пациентите со ретки болести на јавната расправа во Собранието. Велат, сертификатите за гаранција ништо не им значат. Се сомневаат дека повторно ќе се внесуваат неквалитетни лекови.

Министерот Филипче уверува, дека измените ќе дадат резултат, според него сертификатите ќе го гарантираат квалитетот на лековите кои во земјава ќе се внесуваат преку паралелен увоз. Објаснува дека лековите ќе мора да имаат два сертификата за квалитет, еден од прозводителот, а другиот од соодветна лабораторија.

Доктор Гучев од Детската клиника рече дека не треба да се осудува паралелниот увоз на лекови, тој е добар доколку обезбеди квалитетни и поевтини лекови. Но, според него, спорно е што во Македонија нема лаборатории кои можат да го испитуваат биолошкиот квалитет на лековите.

На јавната дебата говореа и претставници на здруженијата на пациенти со дијабетес, кои укажаа дека со години се жалеле на лошиот квалитет на инсулините.

Коментарите се затворени.