Словенечкиот премиер Миро Церар во посета на Македонија

Целта на посетата на словенечкиот премиер е реафирмирање на традиционално добрите и пријателски односи на двете држави, унапредување на економската соработка и разговори за евроатланската перспектива на Македонија и Западниот Балкан.

Словенечкиот премиер Миро Церар денеска и утре престојува во официјална посета на Македонија. Целта на посетата на словенечкиот премиер е реафирмирање на традиционално добрите и пријателски односи на двете држави, унапредување на економската соработка и разговори за евроатланската перспектива на Македонија и Западниот Балкан.

Попладнево во Владата на Република Македонија е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Церар, како и билатерален состанок на македонската и словенечката владина делегација. По средбите двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Церар и Заев утре ќе ја отворат и ќе имаат свои обраќања на Бизнис конференцијата во просториите на Стопанската комора на Македонија.

Словенечкиот премиер Церар за време на дводневната посета на Македонија ќе има средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Коментарите се затворени.