Четири седници на агендата на Собранието

На 27-та собраниска сесија пратениците, меѓу другото, ќе расправаат и за измените на Законот за работните односи, како и Предлог- законот за остварување право на пензија за работниците во рударството.Собранието на Република Македонија со амбициозен дневен ред, на агендата најавени четири седници.

На 27-та собраниска сесија пратениците, меѓу другото, ќе расправаат и за измените на Законот за работните односи, како и Предлог- законот за остварување право на пензија за работниците во рударството.

На осмата седница, во прво читање, се измените на Законот за јавното обвинителство и годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Пратениците на 40-та сесија, во прво читање, ќе расправаат за Предлог- законот за високото образование, а на дневен ред се и закони од сферата на праводсудството- измени и дополнувања на Законите за судскиот совет и за судовите, во прво читање.

Коментарите се затворени.