Предвремени избори

Техничка влада, предвремени заедно со претседателските избори, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протест пред Владата.

Техничка влада и предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските в година, побара лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од сенародниот митинг пред Владата. Пред присутните истакна дека втори јуни е почеток на крајот на владеењето На Зоран Заев. Треба да наметнеме принципи и вредности, рече Мицкоски, потенцирајќи дека Владата на СДСМ не реализирала ништо. Наместо ветените 5 проценти раст, тој е нула, градежништвото тоне. Се гради за 45 насто помалку од претходно. Ги нема ниту ветените странски инвестиции, потенцира Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата истакна дека ниту тој, како и граѓаните, немаат информации за разговорите за разликата со името. Се водат тајни преговори. Беше дециден дека нема да се дозволи менување на Уставот заради промена на уставното име. Вели- тешко ми паѓа кога гледам оној што е на власт како си игра со достоинството на државата и ја распродава честа.

Коментарите се затворени.