Македонија во исчекување на поканата за НАТО

Македонија очекува на Самитот на НАТО, на 11 и 12 јули во Брисел да ја добие долгоочекуваната покана за членство. Земјава од 1999 година е кандидатка, изработи рекордни 17 Акциони планови за членство, најмногу од сите досегашни кандидатки, континуирано спроведуваше реформи во сферата на безбедноста, а конечно ја отстрани и последната препрека на патот, спорот за името со Грција, откако на 17 минатиот месец во Псарадес беше потпишан договорот за негово надминување меѓу двете земји.

Македонија очекува оваа недела свечено да биде поканета да пристапи кон најголемиот воено-политички сојуз во светот, со што ќе се отвори патот да стане 30. земја-членка. Владата со оптимизам гледа на процесот на конечно придвижување на нашето членство во НАТО.

Коментарите се затворени.