Светски ден на населението

Канцеларијата на Фондот на Обединетите нации – УНФПА денеска ќе го одбележи Светскиот ден на населението 2018. Годинава, темата е „Планирање на семејство како човеково право“.

Светскиот ден на населението за прв пат се одбележа на 11 јули 1990 година во повеќе од 90 држави во светот. Основната цел беше да се зголеми свесноста за итните и важни прашања поврзани со светската популација особено во контекст на севкупниот развој, информираат од УНФПА.

Генералното собрание на OН со Резолуцијата 45/216 на 21 декември 1990 година ја донесе одлуката Светскиот ден на населението да продолжи редовно да се одбележува низ целиот свет јакнејќи ја свесноста за прашањата поврзани со светската популација.Пристапот до безбедно и доброволно планирање на семејството има централно место во јакнење на родовата еднаквост и е клучен фактор за намалување на нееднаквостите и сиромаштијата. Обезбедувањето на универзален пристап до здравствени услуги за репродуктивното здравје, вклучително и планирање на семејството, го забрзува напредокот на државата кон намалување на сиромаштијата и остварувањето на глобалните развојни цели, посочуваат од УНФПА.

Коментарите се затворени.