Одбележани 17 години од загинувањето на бранителите кај Карпалак

Мораме да ја научиме лекција- порачаа бранителите во чест на прерано згаснатите животи на Карпалак, пред 17 години. Прашуваат – зошто и до денес нема соодветно спомен- обележје. Одадена почит на местото на заседата.Сеќавања, тага и емоции. Одбележани 17 години од масакарот кај месноста Карпалак и од загинувањето на десетте војници од резервниот состав на АРМ, сите од Прилеп. „Веруваме дека војната и прерано згаснатите животи нѐ натераа да ја научиме лекцијата“, рече Марин Најдов од одборот на бранителите.Меѓу присутните на Карпалак имаше и преживеани од масакарот. Возачот на изгорениот автобус, Ацо Јовановски- Реган рече дека најголема болка му причинува фактот што сѐ уште на местото на трагедијата нема достојно спомен- обележје, кое ќе ја симболизира храброста и пожуртвуваноста на бранителите.Делегации од Генералштабот на АРМ, од Кабинетот на председателот, Собранието положија цвеќе.Почит на загинатите им оддадоа и преставници на политичките партии.17 години сеќавања. Карпалак останува еден од најтрагичните настани во поновата македонска историја.

Коментарите се затворени.