Од утре почнува увидот во Избирачкиот список за референдумот

Проверката граѓаните ќе може да ја направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК или на нивната официјална веб страница. Дијаспората за референдумското прашање ќе се изјасни на 29-ти септември.

Од утре па до 23-ти август граѓаните ќе може да извршат увид во избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30-ти септември. Проверката ќе може да ја направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК или на нивната официјална веб страница. Дијаспората за референдумското прашање ќе се изјасни на 29-ти септември.

„Нашите подрачни одделенија и канцеларии ќе работат секој ден од 9 до 19 часот, со цел да им излезат во пресрет на сите граѓани кои сакаат да извршат јавен увид, додека на последниот ден ќе работат до 24 часот. Нашата интернет страница за проверка на Избирачкиот список е активна постојано, така што секој кој што сака да провери може да го стори тоа стартувајќи од утре. Сите граѓани кои сакаат да поднесат барање за запишување во избирачкиот список за бришење на податоци или за измена на податоци, истото можат да го сторат во нашите подрачни одделенија и канцеларии со поднесување на соодветната документација“, изјави портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30-ти септември 2018-та година станале полнолетни.

Коментарите се затворени.