Бензините поевтинуваат за половина денар, за исто толку се зголемува цената на дизелот

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 71 денар за литар, а оној од 98 октани за 72,5 денари. Новата цена на дизелот изнесува 63 денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува на 51,5 денари.

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафатените деривати. Бензините поевтинуваат за половина денар, а за исто толку се зголемува цената на дизелот. Цената на екстра лесното масло за домаќинство не се менува, а мазутот поевтинува.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 71 денар за литар, а оној од 98 октани за 72,5 денари. Новата цена на дизелот изнесува 63 денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува на 51,5 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,28 проценти. Во изминативи две недели, цената на суровата нафта на светските берзи била пониска, а курсот на денарот во однос на доларот бил повисок.

Коментарите се затворени.