Димитров во Вашингтон на средба со Помпео

Покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидени се средби на министерот Димитров со високи претставници на американската администрација.

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров е во тридневна работна посета на Соединетите Американски Држави. Ќе оствари средба со државниот секретар, Мајк Помпео.

Исто така, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Македонија, Димитров ќе има состаноци со високи претставници на американската администрација во Советот за национална безбедност, Стејт Департментот, во Конгресот, како и со претставници на невладини организации и други институции во американската престолина.

Коментарите се затворени.