Крстилницата во Стоби ја врати автентичноста

Крстилницата од епископската базилика од Стоби си ја врати автентичноста. Заврши проектот за конзервација и реставрација. Овој уникатен споменик од ранохристијанско време е поддржан од Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави со 89.000 долари.

Од 2001-ва преку Амбасадорскиот фонд се поддржани 13 проекти, меѓу кои реставрација на црквата „Свети Спас“, заштита и измени на Турската бања во Тетово, конзервација на фасадата на Шарената џамија. Амбасадорот Бејли најави дека САД и натаму ќе продолжат да го ценат националното културно наследство на Македонија.

Заштитата и презентацијата на крстилницата беше меѓу врвните приоритети на националната установа „Стоби“ уште од 2013-та година, кога беше изготвен првиот проект за конзервација на мозаикот во крстилницата.

Коментарите се затворени.