Парламентот го одби договорот на Меј за Брегзит

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск му предложи на Обединетото Кралство да остане во ЕУ откако договорот на британската премиерка Тереза Меј доживеа фијаско со 432 гласа „против“ и 202 „за“.Резултатот се смета и за најголемиот пораз на владејачка гарнитура во историјата на земјата и поради тоа што предлогот на премиерката не доби зелено светло ни од 118 членови од редовите на нејзината Конзервативна партија.Лидерот на опозицијата Џереми Корбин бара гласање недоверба, шкотската премиерка Никола Старџен одржување нов референдум за Брегзит, а политичките опоненти на Меј – нов договор.Доколку го преживее гласањето, Тереза Меј има рок до понеделник да изнесе нов предлог. Доколку не биде постигнат нов договор, Обединетото Кралство на 29 март ќе мора да излезе од европскиот блок под услови коишто се категоризирани како „тврд Брегзит“.

Коментарите се затворени.