Без договор и на денешната средба за идниот статус на СЈО

Не е постигнат напредок за законот за јавното обвинителство и на денешната средба на работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за правда.Клучното прашање за кое се разговарало, како што рече по средбата министерката Рената Дескоска, е членот 105 односно околу продолжувањето на постапките и користењето на доказите кои се собрани досега.
На денешната средба станало збор и за испраќање на законот до Венецијанска комисија. Тоа, вели Дескоска, сега не е можно зашто има рокови за донесување на законот. Венецијанската комисија не треба да се користи како повод и причина за одолговлекување на носењето на законот, додаде министерката за правда.

Но, како што нагласи Дескоска, Владата е подготвена веднаш по донесувањето, законот да биде испратен до Венецијанската комисија и ако има мислење од таму тоа веднаш да биде инкорпорирано во законот.

Донесувањето на законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот стстус на СЈО е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.

Коментарите се затворени.