Почнува пријавувањето за субвенции за млеко

Сточарите кои го предале млекото од октомври до декември 2018 година за да ги добијат субвенциите барањата треба да достават најдоцна до 16-ти мај годинава. Финансиската поддршка изнесува 4 денари за литар овчо и козјо и 3,5 денари за кравјо млеко.Млекопроизводителите можат да почнат да се пријавуваат за субвенции од првата фаза произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од октомври до декември 2018 година. Висината на поддршката е 4 денари за овчото и козјото и 3,5 денари за кравјото млеко.

Барањата се поднесуваат електронски најдоцна до 16-ти мај годинава во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

До 30 мај се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица. За предадено или заклано говедо во кланица за периодот од мај 2018 до април 2019 година, фармерите ќе добиваат по 1 500 денари.

Овчарите за најмалку 30 обележани овци ќе може да добијат по 1.000 денари за секое животно или по 1100 доколку стадото има од 101 до 500 овци, а за сочувано женско јагне по 700 денари.

Финансиската поддршак е иста и во козарството со услов фармерите да имаат стадо од минимум 10 кози.

Коментарите се затворени.