Владата најави поддршка за Вардар

Премиерот Зоран Заев на седница на Влада ќе предложи ракометарите на Вардар да добијат 500 илјади евра како награда за постигнатиот успех. За Европските шампиони дополнителни 100.000 евра ќе додели и агенцијата за млади и спорт, а исто толку им даде и Градот Скопје.

Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.

Нашиша на својот Фејсбук профил Премиерот Заев откако денеска во Владата ги прими играчите и управата на клубот.

По завчерашниот триумф на Вардар синоќа во скопје имаше спектакуларен пречек на ракометарите од Аеродромот до Плоштадот Македонија.

Илјадници граѓани неколку часа ги чекаа шампионите. Од МВР информираа дека не регистрирале нарушување на јавниот ред и мир, а многу работа немале ниту екипите на скопската Брза помош.

-За време на прославата екипите имаа 5 интервенции од кои 4 биле на лице место на плоштадот Македонија, а една девојка која била во алкохолизирана состојба пренесена е на Клиниката за токсикологија, изјави д-р Елена Карева Пиловска, шеф на смена во Скопската Брза помош.

Покрај во Владата денеска ракометарите на Вардар беа на прием и во Вила Водно каде на претседателот Стево Пендаровски му подарија дрес од клубот.

Коментарите се затворени.