– ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА –

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 14 Струмица, Дојран, 11 Ск-Зајчев Рид, 6 Маврово,
Берово, 3 Пожаране, Крушево, 2 К.Паланка, Битола, Прилеп, Куманово, 1 Тетово, Тополчани, Гевгелија.
Времето денес (21.06.2019год.): Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Локално ќе има
изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од
северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ=9
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
T= 32 °C, P= 980 hPa, U= 48 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
НАЈАВА: Утре ќе биде сончево и топло време, во попладневните часови ќе има услови за
изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела попладне и во следните
денови повторно ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално
процесите ќе бидат во форма на невреме. Во недела ќе дува повремено засилен југозападен
ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на
температурата за неколку степени.
novadnevna21.06.2019 (1)

Коментарите се затворени.