Царовска во работна посета на Кичево: Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера беше во работна посета на Општина Кичево. Министерката се сретна со градонач

Посетета на Кичево министерката ја искористи да ја види и новоизградената градинка и да се сретне со вработените во Центарот за социјални работи на Кичево.

“Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани. Вработените во кичевскиот центар се професионални и мотивирани и одговорно ја спроведуваат социјалната реформа со којашто драстично се зголеми помошта за примателите на социјалните права“, рече Царовска во Кичево.

Министерката истакна дека посебно и е драго што Кичево од есен добива нова детска градинка којашто е изградена со средства од Турската агенција за соработка и координација ТИКА.

„Продолжуваме да вложуваме во раниот детски развој и квалитетно предучилишно образование со вработување на кадар кој што е компетентен. Истовремено ги прошируваме капацитетите на детските градинки низ целата држава со цел во следните 4 години опфатот на деца во градинките да го зголемиме за 50%“, рече Царовска.

Коментарите се затворени.